Државниот архив на РСМ е домаќин на 31. Конвенција на ИКАРУС

Сподели

 

Државниот архив е домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС), со седиште во Виена, што ќе се одржи од 8 до 10 ноември 2023 година, во Скопје и во Охрид.

 

 

Темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“, во чии рамки ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко.