Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката за оставката тој ја соопшти на денешната прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции.
Инаку за денеска беше закажана собраниска седница на која како точка на дневен ред е предлогот на Владата за негово разрешување.

Како причина за разрешување на Коцевски, Владата како причини ги наведува, сторени сериозни професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети со што, според Владата, била повредена законската обврска за заштита на тајноста на постапката, како и нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед. Во предлогот се наведува и дека Коцевски не постапувал согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.


