Вести Македонија Став

ДУИ го осудува терористичкиот напад во Виена

Сподели:

 

“Во овие тешки моменти за австрискиот народ, ние ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и пријателскиот народ на Австрија.
 
Демократската Унија за Интеграција нагласува дека Република Северна Македонија и нејзините граѓани ја поддржуваат Австрија и се рамо до рамо се меѓународните сојузници во борбата против тероризмот.
 
Австрија, а особено Виена е домаќин на многу семејства од Република Северна Македонија на кои постојано им нуди еднакви можности во сите области на животот, додека придонесот на австриската држава во регионот е извонреден.
 
Демократската Унија за Интеграција изразува искрено сочувство до семејствата на жртвите на овој ужасен настан и во оваа прилика го повторува ставот дека насилниот екстремизам нема место и никогаш нема да има во нашето општество и дека истиот мора да се искорени”, се наведува во соопштението од ДУИ.
Сподели: