ДУИ вечерва ја заврши изборната кампања во победничкиот Гостивар

Сподели

 

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), ја заврши кампањата за локалните избори со Митингот што се одржа вечерва во општина Гостивар каде го претстави кандидатот за градоначалник на оваа општина Невзат Бејта и Листата на советници предводена од Африм Аручи.
 
Пред граѓаните на Гостивар се обратија претседателот на ДУИ г-дин Али Ахмети, претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери, првиот вицепремиер г-дин Артан Груби, кандидатот за градоначалник г-дин Невзат Вејта, заменик министерот и претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар г-дин Башким Хасани.
 
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети пред присутните на овој митинг рече дека Гостивар заслужува подобро, повеќе и пред се промени. Тој повика на гласање за кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта и листата на советници предводена од Африм Аручи.
 
„Дојдов денес пред вас да го повикам секој граѓанин на Гостивар, бидејќи нашата агенда е европска, а таа е иднината. Нашата платформа е здравје кое го одржува животот, затоа поддршката нека биде безрезервна. Ги повикувам сите дека нема да ги посрамиме….Сега имаме нова мисија, со мисионери и никогаш нема да се срамите и жалите за поддршката што ќе му
ја дадете на Невзат Бејта, бидејќи знам дека тој е подготвен и ќе му даде наградот соодветниот сјај “, нагласи Ахмети.
 
Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери рече дека Демократската
унија за интеграција во оваа изборна кампања, од Липково до Струга пред
гласачите има претставено квалитетна програма, ја претстави Зелената агенда која во себе содржи живот, и во ниту еден момент не се занимава со политички противници на кои најдобариот одговор ќе им го дадат граѓаните во недела, денот на гласањето.
 
„Денес сме пред вас да ве повикаме, и заедно да оцениме што е направено, а што не е направено во овие 4 години. Кога сум сега на овие теми, станува збор за она што се памти во 2005-2009 година, за чистење на центарот што беше претворен во центар на злото. Мора да гласиме за број 3 задутре, денот на нашата победничка недела“, потенцираше Џафери.
 
Првиот вицепремиер, г. Артан Груби за време на својот говор пред жителите на Гостивар рече дека Гостивар не е град што треба да го води некомпетентен човек без волја да продолжи понатаму. Сите барања што ќе дојдат од кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, г. Невзат
Бејта и советниците кои овој пат се најдобри, ќе бидат поддржани 100% од целата Влада.
 
„Сите овие години во политиката, сретнав многу луѓе со различни
верувања, но никаде не дојде некој да го сретнем за да го сака Гостивар
повеќе од Невзат Бејта. Невзат живее и се жртвува за Гостивар. На 17
октомври кога ќе одите да гласате, не оставајте никого дома. Кога ќе го
заокружите број 3, знајте дека тоа го правите за Али Ахмети, гласот во
Гостивар е глас за Али Ахмети“, посочи Груби.
 
Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта им порача на граѓаните дека се
кандидира за сите граѓани, со искрени намери.
„Јас не се кандидирам за мојата кариера, јас се кандидирам за граѓаните,
за сите граѓани, без разлика дали сте Албанци, Македонци, Турци или
Роми. Верувам дека сите ние сме браќа и сестри овде во Гостивар и дека
живееме во меѓусебна почит кон нашата историја, традиции и култура. Овие
се локални избори, овие избори се за изградба на подобро место за
живеење за сите нас. Заедно, а не разделени“, нагласи Бејта.
 
Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани повика на
заокружување на број 3 за Невзат Бејта да ги врати добрите проекти за
граѓаните на Гостивар.
 
„Вечерва ја завршуваме кампањата со овој митинг, со кој, утре ќе ги
завршиме подготовките и на 17 октомври ќе се грижиме изборите да бидат
мирни и демократски. Ајде заедно, без поделби во нацијата и верата, да
избереме чесен човек на чело на општината, кој со дела покажа дека може
да работи за нашата општина за решавање на проблемите на граѓаните“,
нагласи Башким Хасани.
 
Демократската Унија за Интеграција ќе се потруди општината да биде една
од најотворените општини за сите граѓани без разлика на нивната етничка,
полова, верска и уште помалку нивната политичка припадност.
 
Инаку, вечерва на полноќ стапува на сила предизборниот молк, за
локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври.
 
Постапи праведно, гласај зелено.