Дуодрама „Кенди“ во МКЦ Скопје

Сподели

 

24.01.2023/20ч. трета изведба на „Кенди“ во МКЦ Скопје
 
„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот.
„Кенди“ и како приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.
 
Според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Дизајн на светло: Ерик Омераѓиќ
Фотографија и видео: Тамара Малкоска
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
 
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Северна Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Северна Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија.
 
За повеќе информации, прашања, поддршка за луѓе кои употребуваат дроги и за нивните семејства, поддршка за сексуални работници и за нивните семејства, поддршка за деца кои употребуваат дроги, ресоцијализација и рехабилитација, информации за клиенти и правна помош: www.hops.org.mk или тел +389 (0) 2 3246205; факс: +389 (0) 2 3246210 и еmail: hops@hops.org.mk
 
Голема благодарност до ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Младински културен центар и Грос Комерц Скопје.
 
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија,