ДЗС: Досега се попишани 1.619.857 лица

Сподели

 

Пописот на населението, домаќинствата и домовите во земјава завршува на 30 септември, а заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 1.619.857 лица, 503.491 домаќинства и 711.695 станови, објави Државниот завод за статистика. 

Пописот со несмалено темпо ќе продолжи и во текот на наредниве денови, а од ДЗС информираа дека секое домаќинство во земјава ќе биде посетено од попишувач и на секој граѓанин ќе му биде овозможено да се попише.

Оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома (не бил воспоставен контакт), ќе може да се попишат и во седиштата на Комисиите на пописните региони во секоја општина од земјава, а адресите може да се најдат овде.