ЕДЕН ДЕН ЌЕ ТИ СЕ ИЗВИНАМ – Венци ТРАЈКОВ

Сподели

485295_3395927231395_479006306_n

Еден ден ќе ти се извинам
шо ти се знаеш за мене
дури и како сум бил облечен пред дваесет дена
а јас од облека најубаво те паметам соблечена
Еден ден ќе ти се извинам
шо знаеш да ми правиш саат време муабет
за нас
а јас ниту збор да не те чујам
оти во тој момент гледам лига шампиони
и се нервирам оти ми фали уште еден гол
за да бидам добитен
Еден ден ќе ти се извинам
шо понекогаш кога одиме на пица во некоја елитна пицерија
ти знаеш да си направиш фризура
да ја облечеш твојата најубава хаљина
да се нашминкаш
и да изгледаш ко одри хепберн
а јас од вчера не сум се соблекол
во моите извалкани старки
и блузата скината под мишка веќе месец дена
додуша не се гледа
али у таква пицерија луѓето се увежбани да
приметат такви ствари
шо ко сељак ќе го викнам келнерот
да ни донесе вино
а он 10 маси далеку од нас
и сите гости косо ќе ме погледнат
они едвај шепотат
демек пристојни
глумат џентлмени
уствари срам им да им турат пијалок на онаа шо седи до нив
од шо се искомплексирани до гуша

Еден ден ќе ти се извинам
кратко и јасно
ко џон ленон на јоко оно
-Извини, али увек зад секоја голема жена стои идиот!
… и ќе си заминам од тебе.