Радост во Скопје ЗОО – Имаме бебе лемур

Сподели

 

 
 
 
 
Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2200-2400 лемури.
 
Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот.
 
Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.
Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.
 
Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар