Музиката понекогаш не останува само во слушалките и на радиобрановите. Некои стихови нè допираат толку силно што посакуваме да ги носиме со себе – засекогаш.

Познатата ТВ и радио водителка на Радио 2, Рашела Гинова-Карафилоски, деновиве направи нова тетоважа инспирирана од песната „Француски вагони“ на Александар Тарабунов – песна објавена во 2026 година, за која Тарабунов самиот ги потпишува музиката, текстот и продукцијата.
На нејзината рака сега стојат зборовите: „Една си ми Ти“
Стихот е дел од песната „Француски вагони“, а Рашела открива дека самата тетоважа за неа има и многу лично значење – таа е подарок од некој близок, па зад неколкуте едноставни зборови се крие приказна која, барем засега, таа ја остава само за себе.
Интересно е што тетоважите веќе имаа свое место и во една од нејзините најпопуларни радио емисии, „Заводлива квечерина“ на Радио 2. Во една тематска вечер Рашела зборуваше токму за нив – не само како цртежи на кожата, туку како украси и белези на душата и телото, мали лични приказни што човек одлучува да ги запише на себе.
И кругот некако убаво се затворил.
Кога ја видел тетоважата инспирирана од неговиот стих, Александар Тарабунов со воодушевување ја поздравил идејата на водителката, а посебен поздрав упатил и до тату-мајсторот Парлов, негов школски другар, кој ја изработил тетоважата.
Од песна – во стих. Од стих – во лична приказна. А од личната приказна – во траен белег.
Зашто понекогаш се потребни само четири зборови за да се каже она што не собира во илјада: „Една си ми Ти.“ А можеби зад стихот „Една си ми Ти“ се крие најнежната посвета од сите – онаа за нејзината ќерка единица, Мишел.
подготвил: Марија Костовски – Златен заб


