Статуафест под мотото „Голема брзина на стоењето“

Сподели

 

Статуафест – “Голема брзина на стоење”, 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на ул. Македонија, во Скопје

Живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас.
Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер“ за речиси секој еден од нас. Сакаме суштиснки да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест“ и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме?
 
Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје?