Едно лето – Драгана ГУНИН

Сподели

13096175_10206194506923256_2106340295396677154_n

Како некој да ти поминува со пердув врз грб и кожата ти се ежи од милување.
Како да стоиш под ѕвездено небо и да ти се умира и живее истовремено, од што ти е убаво и мислиш си разбрал се`. И како се` да ти е јасно.
Како кога не си тажев за ништо, а уште подобро како е убаво да си тажен од убавини.
Како да си се свртела и си заминала од човек што те правел несреќна долго време и конечно си собрала храброст да си одиш.
Како да си јадел сладолед после врел ден.
Како да си ја бакнал девојката што ја посакуваш секогаш, засекогаш.
Како да си поделил колач со некој непознат на улица. И си добил насмевка за возврат.
Како да те направил горд некој што најмногу го сакаш.
Како да леташ во облаци од среќа.
Како кога ти кажувале како треба ама никого не си послушала пошто најубаво знаеш сам/а.
Како кога мислат дека ти ја украле младоста а само ти знаеш дека си роден да бидеш млад и после смртта.
Како насмевка од дете.
Како анемија што те загрижува само затоа што немаш доволно железо во крв да си направиш лулашки на детето во себе.
Како некој што не ти кажува какви цицки треба да имаш, т.е. ти ги сака твоите. И доаѓа со тебе на мамографија.
Како солзи после непотребна паника.
Како параноја што некаде завршува.
Како баба ти кога ти верува и кога не знаеш што правиш.
Како луѓе што не те пуштаат да се бориш сам.
Како општество што оплескало се` а ти уште риташ, се бориш макар било залудно. Знаеш дека не може да биде.
Како надеж на почеток на секој нов ден.
Како слонот во собата што веќе го нема.Како празнина што не боли.
Како недостигање што е сасвим ок.
Како капки дожд во сред лето.
Како: куче бе брат, седи бе пер. И кучето седнува.
Како кога Анлглија испаѓа од Европско, ама ти имаш уште еден тим шо иде даље.
Како кога косата ти е уау без причина.
Како: денес си посебно убав.
Како: тука сум. не одам нигде.
Како свеж ветар после топол јулски ден.
Како “ај не мора” и стварно да не мора.
Како мир после бура. Како све ова. И уште милион. И уште до небо.
Ама без ова. Ти. Некогаш наспроти ветерници. Некогаш наспроти обучени демони.Чудовишта. И монструми. Карши карши. Борбата е страшна. Некогаш победуваш. Некогаш и ти стануваш чудовиште.