РЕАКЦИЈА ОД КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ
“Почитувани граѓанки и граѓани!
Ние, жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието, со оваа реакција повикуваме на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените.
Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело.
Бараме од надлежните институции да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот.
Ние, жените од Парламентот едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид!
Бараме од судските органи да ја имат во предвид ратификуваната Истанбулска Конвенција и одредбите од Кривичниот Законик кои се усогласени со истата.
Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени!
Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат СИТЕ институции во државата!” – се наведува во реакцијата од Клубот на пратеничките.


