Велосипедски марш “На денешното мени-линдан” за подигнување на јавната свест за чиста средина

Сподели

Еко-свест заедно со Macedonian Ecological Society ве покануваат на велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката Охис кој ќе се одржи денес со почеток во 17:15 часот.

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30, во 18ч се пристигнува пред влезот на старата фабрика Охис, каде од 18-19 ќе се одржуваат креативни активности.

Настанот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис што се одржаа во изминатиот месец.

Поради подобра организација, доколку планирате да земете учество во велосипедскиот марш ве молиме вашето присуство да го најавите на helena@ekosvest.com.mk. Доколку планирате да дојдете само пред фабриката Охис не е потребно да се најавите.