Вести Македонија Настани

Во Куманово се одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020

Сподели:

 

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020. Настанот се одржа во Куманово во зградата на поранешен Комитет во Кружната Сала.

 

 

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги претстави активностите кои што беа преземани во текот на Кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020. Кампањата започна на 21 ноември 2018 година со продолжено траење од 18 на 24 месеци, поради КОВИД-19 пандемијата.

 

 

Одржани повеќе од 80 инфо едукативни денови во општините и руралните места низ целата држава, форуми и работилници, каде што потенцијалните корисници на ИПАРД фондовите беа информирани за спроведувањето и користењето на ИПАРД средствата. Во текот на спроведувањето на инфо деновите во фокусот на беа опфатени Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, Мерка 3 – Инвестиции во основни средства кои се однесуваат на преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Исто така, во текот на спроведувањето на Кампањата, беа спроведени и 3 форуми, во Велес, Берово и Валандово, како и 5 работилници низ земјата.

Настаните ги опфаќаат организирањето на ИПАРД инфо-едукативни деновите, ИПАРД форумите и ИПАРД работилниците. Исто така, во рамките на Кампањата како активности, се изработени и дистрибуирани Барања за користење на средства и Упатства, брошури, постери, изработка и објава на аудио и видео спотови, како и навремено ажурирање на веб страницата www.ipard.gov.mk.

denesmagazin.mk

Сподели: