Вести Свет Ударни вести

Експлозија на нафтовод во Мексико – 21 жртва и 70 повредени

Сподели:

Најмалку 21 лица го загубија животот, а повеќе од 70 се повредени во експлозија во нафтовод во централниот дел на Мексико каде што луѓето се обидувале да ги наполнат своите канистери со нафта. Течењето на нафтата се случи откако крадците го дупнале нафтоводот.

На телевизиските снимки може да се види како лица со канистери крадат нафта од млазовите кои се пролеваат од нафтоводот. Се стравува дека ова не е конечната бројка на загинати и повредени.

Сподели: