Вести Македонија

Од денеска брзи тестови за ковид-19 во Здравствениот дом во Битола

Сподели:

 

Брзи тестови за ковид-19 од денеска ќе се прават и во ЈЗУ Здравствен дом ,,Др. Хаим Абраванел“, во Битола, соопшти директорката Весна Спиркоска за Апла.мк.

 

 

Новиот пункт ќе работи со закажување на пациентите преку “Мој термин” од матичните доктори. Резултатите ќе се добиваат истиот ден, поточно неколку часа по тестирањето. Ќе бидат праќани кај матичните доктори и од таму пацинетите ќе можат да се информираат за тоа дали се позитивни или не. Тестирањето е во организација на Министерството за здравство. 

„Министерството за здравство организира по здравствените домови низ државата пунктови за тестирање на ковид-19, а Здравствениот дом во Битола е меѓу првите. Целта е да се зголеми капацитетот за тестирање од коронавирус во градот и резултатите да се добиваат побрзо. Тестовите ќе бидат бесплатни. Просторот го подготвивме во рекордно време, се наоѓа над рендгенот за заби, од влезот за АТД. Поставен е шалтер за да се заштитат и вработените, а за пацинетите кои доаѓаат на тестирање ќе има и столче за да седнат. Обележани се стапалки за да се дојде со местото, а тестирањето започнува утре од двет часот“, рече Спиркоска за Апла.мк. 

Ќе се направат 30 брзи тестови, а потоа планирано е да се зголемува капацитетот. 

Сподели: