ЕМА: Секоја земја самостојно ќе одлучува за употребата на „АстраЗенека“

Сподели

 

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја, сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок, дека по приемот на вакцината „Астра зенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

„Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјавија од агенцијата за лекови ЕМА.