ЕПИЦЕНТАР: ПРЕД СУДСКИ РАСПЛЕТ

Сподели

dekor-860x680

 

Сега кога е повлечена аболицијата за педесетина лица осомничени за криминални активности, меѓу кои дваесетина високи државни и партиски функционери од редовите на власта, со што СЈО доби одврзани раце да ги продолжи своите истражни дејствија, на социјалните мрежи веќе се појавија и првите правни проценки за евентуалната кривична одговорност  на некои од учесниците во тн. злосторничко здружување.

Со оглед на тоа што специјалните обвинители се уште  не ги обелодениле своите наоди за бројот на извршени кривични дела, овие проценки поаѓаат од самата одлука за аболиција на претседателот Иванов во која беше наведен бројот на помилувања за секое лице поединечно, односно за делата за кои се сомничат.

Според таа одлука произлегува дека поранешните министри Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска со 16 и 15 можни кривични дела, се наоѓаат на врвот од списокот осомничени, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков бил помилуван за 8 дела, додека екс-премиерот Никола Груевски за 6 дела. Тоа значи дека само овие тројца највисоки политички партиски функционери од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ би можеле да одговараат за 45 тешки кривични дела. Експертите по кривично право укажуваат дека самата формулација за “злосторничко здружување , како што објави СЈО, претставува едно од најтешките кривични дела предвидени со законот, за кое што доколку се докаже може да биде изречена затворска казна и до десет години.

Тие велат дека дури под претпоставка судот да определи најниски казни за секое од тие 45 кривични дела, вкупната пресуда за сите тројца осомничени не би можела да биде под 50 години.

Разбирливо, сето тоа ќе зависи пред се` од втемеленоста на обвинителските докази но, и од објективноста и непристрасноста на судските органи кои што ќе одлучуваат по тие предмети.