Спорт Ударни вести

Ериксен: Големо благодарам за поддршката што ми стигна од целиот свет

Сподели:

 

Кристијан Ериксен полека закрепнува по срцевиот удар што го доби на дуелот Данска – Финска. Фудбалерот веднаш беше префрлен во болница. Ериксен  ја постираше и првата фотографија од болничкиот кревет. 

„Здраво на сите. Големо благодарам на сите за поддршката што ми стигна од целиот свет. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство. Јас сум добро со оглед на околностите во кои се наоѓам. Морам да поминам уште некои испитувања во болницата, но добро се чувствувам. Сега ќе навивам за данскиот фудбалски тим на наредните натпревари. Играјте за цела Данска. Се најдобро“, напиша Ериксен на својот инстаграм-профил.

Сподели: