Спорт

ЕУРО 2020: Украина – Македонија 2:1

Сподели:

 

Македонија изгуби со 2:1 од фудбалската репрезентација на Украина на Европското првенство во фудбал. И покрај одличното второ полувреме коешто го одиграа македонските репрезентативци, сепак тоа беше премалку за да се анулира предноста од два гола што ја оствари Украина во првото полувреме. Со ваквиот резултат, шансите за македонската фудбалска репрезентација да оди понатаму во осминафиналето се сведени на теорија, под услов фудбалерите да ја победат холандската репрезентација на 21 јуни.

 

 

Поразот на македонските фудбалери во Букурешт е втор по ред откако во првичниот натпревар Македонија изгуби од Австрија со 3:1. Последниот натпревар против Холандија, македонската фудбалска репрезентација го игра на 21 јуни во Амстердам.

 

Сподели: