Еверестинг – искачување на висинска разлика од 8.848 метри

Сподели

 

Еверестинг е искачување на висинска разлика од 8.848 метри во местото каде што живееш и искачувањето е колку највисокиот врв на светот Еверест. Сето ова е со цел за побудување на свеста кај жителите на Македонија за здравиот начин на живот и можноста за спорт која ја нуди околината во надворешни услови.
 
Целото искачување се пријавува не светско ниво во асоцијација која вади статистика и која значи кај многуте спортисти, која се споделува и размножува на порталите. Во нашиов случај за прв пат во земјата имаме девојка Ивана Јовановска која БОСА ќе ги искачи тие 8848м или 19/20 пати ќе го искачи до врвот на Водно од средно Водно. Неа ќе ја придружува воедно и ќе го прави ЕВЕРЕСТИНГОТ како најмладиот учесник на еден ваков настан Јован Димовски, каде заедно ќе пробаат да го направат сето тоа за 20часа. Има едно правило а тоа е да нема спиење во целиот процес на еверстингот.
Настанот ќе се одржи на 6/7 Август.
 
Програма:
– Старт на искачувањето за ИВАНА 21:00ч (6 Август)
– Старт на искачувањето за ЈОВАН 00:00 (7 Август)
– Музиче со диџеи и освежување на средно Водно
– Бодрење и искачување со натпреварувачите дозволено во секој круг
– Снимање и лајф стриминг во секое можно време е дозволено
– Искачувањето е до асфалтниот пат под објектот што се гради
– Секоја поддршка за овој пеколен настан е добродојдена.
 
Првиот бренд кој е веќе долгогодишен подржувач на нашиот клуб и кој е решен да го подигне нивото на спортот во државата, Scout Outdoor Shop е повторно со нас и на овој голем настан.