ЕВРО 2016: Вечерва се игра последното 3.коло и во групите Ц и Д


Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/denesmagazin.mk/public_html/wp-includes/media.php on line 1679

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/denesmagazin.mk/public_html/wp-includes/media.php on line 1679
Сподели

Со вечерните натпревари во рамките од последното 3.коло во групите Ц и Д, ќе бидат познати уште три селекции кои покрај Шпанија сигурно ќе играат во осминафиналето на Европското првенство во Франција.

евро 2016

Во 18 часот се играат натпреварите од Ц групата помеѓу Украина-Полска и Северна Ирска-Германија.

Германија и Полска веќе имаат освоено по четири бодови, еден повеќе од репрезентацијата на Северна Ирска, додека Украина е без освоен бод.

украина-полска

Во групата Д, таму веќе сигурен патник во следната фаза е актуелниот шампион Шпанија, селекција која со двете победи веќе има освоено шест бодови, па вечерашниот меч против Хрватска за „црвената фурија“ ќе биде само за престиж.

Хрватите ќе се обидат да останат непоразени и со евентуален освоениот бод и вкупно пет, да го осигураат второто место, на кое ќе атакува Чешка која со победа над Турција и пораз на Хрватска од Шпанија би го освоила второто место.

хрватска-шпанија

Како и Украина, така и Турција која досега нема освоен бод со евентуален триумф и пласман на третото место, ќе треба да се надева на поволна разврска во останатите групи па да се најде меѓу четирите трето рангирани селекции кои ќе играат во осминафиналето.

Дуелите од Д групата започнуваат од 21 часот, а се среќаваат Хрватска-Шпанија и Чешка-Турција.

The post ЕВРО 2016: Вечерва се игра последното 3.коло и во групите Ц и Д appeared first on Спорти.


Source: Sporty