ЕВРОПСКА ЛИГА, ВТОР ТУРНИР ВО СКОПЈЕ

Сподели

MDevropskaligavtorturnirvoskopjesportskinastani

Спортски Центар Борис Трајковски, 16 Јуни

По успешниот настап на сениорската репрезентација во минатогодишниот циклус на натпреварување во Европската Лига и освојувањето на сребрената медаља, оваа година на патот кон финалниот турнир Скопје ќе биде домаќин на вториот турнир од групната фаза.

Противници на нашата репрезентација ќе им бидат репрезентациите на Бугарија, Данска и Албанија

Ги повикваме сите љубители на одбојката да дојдат да уживаат во врвна одбојка и да им дадат подршка на нашите момци.