Европска недела на имунизација 2024

Сподели

На прес-конференција по повод одбележувањето на почетокот на Европската недела на имунизација 2024, министерот за здравство д-р Илир Демири, специјалната претставничка на СЗО, д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ г-ѓа Патриција ди Џовани и д-р Кети Ставридис од Институтот за јавно здравје ги потсетија родителите на значењето на вакцинацијата за постигнување на колективен имунитет.

„Не чекајте да избие епидемија за да ги заштитите вашите деца. Веројатно не се сеќавате дека вашите родители ве одвеле на вакцинација, но со тоа помогнале да станете дел од едно од најголемите достигнувања на човештвото. Обезбедете им ја на вашите деца заштитата што ви ја дале вашите родители во минатото. Заедно можеме да направиме пресврт и да го вратиме колективниот имунитет.“ изјави Патриција ДиЏовани, претставник на УНИЦЕФ.