Буџетот на Република Македонија веќе не е заеднички буџет на граѓаните, туку личен буџет на Мицкоски! ДПМНЕ владее со јавните пари како со партиски плен. Наместо државните ресурси да служат за решавање на наталожените општествени проблеми, власта ги подредува на сопствените политички и клиентелистички интереси, реагираат од Левица.
Левица поднесе 80 амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година, со кои предлага поинаква распределба на јавните средства и конкретни инвестиции во подобрување на животот во Македонија.
„Да си го вратиме клучот до буџетот на Република Македонија значи да ги избркаме оние кои го сметаат за свој личен буџет од институциите на одлучување“, порача пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, нагласувајќи дека вистинската ПРОМЕНА подразбира раскрстување со коруптивната и клиентелистичка мрежа на традиционалните партии, кои државата ја третираат како сопствен имот.


