ФБ СТАТУС: ЧИЛИМАНОВ – КАРИЕРАТА НА ЗАЕВ ЌЕ ЗАВРШИ ВО ГЕПЕК

Сподели

Цветин Чилиманов директно преку статус на социјалните мрежи му прогнозира на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека ќе заврши во гепек на некој автомобил откако нема да исполни некое од ветувањата кои ги имал дадено.

– Ваков бишкарник немало во политиката до сега. Сосем е јасно дека кариерата ќе му заврши во гепек на некоја кола откако нема да успее да исполни некое од безбројните опречни ветувања кои досега ги има дадено. Прашање е само дали тој што ќе ја вози колата на депонија ќе биде Македонец, Албанец, Американец, Талијан, напиша Чилиманов на својот Фејсбук профил.