ФБ СТАТУС: ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ – ЗОШТО ПРЕТСЕДАТЕЛЕ?

Сподели

ЗАДОЦНЕТ ИЗЛИВ НА ПАТРИОТИЗАМ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

ИВАНОВ – Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде бинационална држава. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде федерална држава, порача претседателот Иванов

КЕКЕНОВСКИ – Во потполност се согласувам претседале со овој Ваш став и целосно Ве поддржувам. Но, редно е конечно да одговорите на овие неколку прашања?

ПРАШАЊА?
1. Зошто досега со Вашиот партиски лидер Груевски дозволивте спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија да се веат знамиња на туѓа држава со кој се нарушува територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава и се обележува туѓа територија. Знаете ли дека речиси воопшто во одделни делови од територијата на Република Македонија не се употребуваше и Законот за химната и Законот за употреба на грбот на државата. Јасно ли Ви е со Вашето нереагирање и молчење Вие сте тие кои дозволивте да се наруши унитарниот карактер на државата?
2. Зошто не реагиравте на Мајскиот договор кој го склучи Вашиот лидер Груевски и со тоа се наруши концепцијата за унитарност?
3. Зошто дозволивте Владата да функцинира како двоглава извршна власт со формален и неформален премиер каде, македонските министри одговараат пред формалниот премиер, а останатите министри пред се албанците пред нивниот лидер.
4. Зошто досега молчевте за злоупотребата на пропорционалната застапеност како една од основните начела на Охридскиот договор со кој исто така се нарушија контурите на унитарниот карактер на државата.
5. Зошто како прв човек на државава не реагиравте на Автентичното толкување на Законот за амнестија за со кој престана секакво гонење на четирите хашки случаи?
Треба ли уште да прашувам: Зошто претседателе..?

Фб статус, Јове Кекеновски