ФБ СТАТУС: АНА Г. – Светот безгрижно споулавува

Сподели

 

Светот безгрижно споулавува
на подот во кујна има дамка од компотот од праски,
Книгите во кујна се читаат побрзо – таман додека Бегбеде излезе од затвор,
Јас ќе го направам чизкејкот што отмено ќе се лади со ракијата
Во фрижидерот, има приказни што меѓусебно се поздравуваат,
мене ми е важно да им ја почитувам синтаксата
Го исклучувам телевизорот
крвавите домати предолго зрееле
А април е – што би кажале за ова сите загрижени за глобалното затоплување?
Светот безгрижно споулавува
комарците ни сноп босилек не ги брка
Никој не сакам во недела наутро
оти се концентрирам на љубовта во себе
Сум се заборавила
како залепена кутија со шеќер во коцки
Некаде длабоко во ормарите на потсвеста.

Ана Голејшка