ФБ СТАТУС: МЕРСЕЛ БИЉАЛИ – ЗВРЛЕВСКИ ПОДНЕСИ СИ ОСТАВКА!

Сподели

ЗВРЛЕВСКИ ПОДНЕСИ СИ ОСТАВКА!

Зврлевски! Никој што има микрон ум не може да разбере зошто продолжуваш со ваква опака игра, кога секому е јасно дека токму ваквите игри те доведоа до ваква состојба.

Што им должиш на нив, што ризикуваш лично да бидеш одговорен за многу опасни нешта во државата, што ти веројатно не си свесен. Да беше, немаше да се вовлечеш до вакво дереџе. Дали ти недостасува интелигенција, знаење или информации, не е важно, но дека штетата е многу голема тоа мора да е важно.

Да толерираш и штитиш толкав криминал, само по себе е тежок криминал. И сега кога тие тонат и никој не може да ги спаси, ти верно се прикачуваш кон нив и тонеш заедно со нив.

Човек поднеси си оставка ако имаш грам ум и полесно ќе ти биде, оти вака како што те влечкаат, ептен многу ризикуваш и за себе и за државата. Знам дека најтешко се добива битката со сопствениот морал, но тука веќе не е во прашање само моралот. Но, да мислиш дека со вакви опструкции им помагаш и на ним и на себе е рамно на помислата дека полесно до Месечината се стигнува пешки…

ФБ статус, Мерсел Биљали