Музичарот Златко Ориѓански преку Фејсбук му одговори на актерот Владо Јовановски кој преку Фејсбук статус повика на војна:
![]()
Владо Јовановски, те познавам можеби 30 години како глумец и како човек, те знам и пијан и трезен. Ти мене, како музичар.
Дали паметиш, заедно со Владо бевте распаметени од филмот, од нашата музика за „Пред дождот“ се сеќаваш колку ракија и вино измешани со стихови имаме испиено слушајќи моја музика, зборувајќи за Македонија, за Петрета М. Андреевски, за оној поет самоубиец, Љупчо Сивевски ?
Денес, повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твојте деца.
Ти си спремен да пукаш во мене ? Пукај бе братучед, пукај!


