Фестивал КОКИНО – Тврдина на Сонцето #3

Сподели

 

Третото издание на мултимедијалната културна манифестација КОКИНО – Тврдина на сонцето ќе се одржува годинава и тоа прв пат со тридневна програма до 17 до 19 септември, на локацијата на мегалитската опсерваторија Кокино.
 
Концерти, едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, дебати, изложби, театар – сѐ од КОКИНО: Тврдина на Сонцето. Во сите сегменти на настанот, секое ќоше ќе говори за сопствената историја, за уметноста инспирирана од вековите пред и по настанувањето на Кокино, до денес. Мноштво активности и перформанси кои во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија ќе ни ги претстават стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво.
ВАЖНО!
Присуството на настанот е бесплатно, но поради специфичноста на локацијата настанот ќе биде организиран со строго ограничен капацитет и регулиран пристап до локацијата со возила поради што ќе биде организиран автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили. Билетите за автобускиот превоз ќе чинат 50 денари (дневен билет во двата правци за едно лице), а иста цена, 50 денари ќе чини и пропусницата за пристап со сопствен автомобил до организираниот паркинг-простор (еднодневна пропусница за едно возило).
 
Деталите за програмата и за продажбата на дневните превоз-билети ќе бидат објавени наскоро.
 
Фестивалот ќе биде организиран во согласност со актуелните заштитни мерки и Протоколот за организирање на јавни настани.
 
Проектот „Кокино – Тврдина на Сонцето“ оваа година се одржува со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години Независност.