Фестивал на француски филм во Скопје

Сподели:

Фестивалот на француски филм повторно во Скопје! Ова најново издание, во чиј фокус е Корзика, ќе угости врвни француски режисери и актери, кои лично ќе се сретнат со публиката по секоја проекција.

Францускиот институт и партнерите на фестивалот обезбедија бесплатни билети во ограничен број.
Резервирајте бесплатни билети:https://forms.gle/94EzX1ZXenEP4eWY6

ПРОГРАМА

Среда, 17 јуни | 19:00 | Cineplexx ОТВОРАЊЕ
„Кралство“ (2024, 108 мин.), Режија: Жилиен Колона
По проекцијата следи разговор со режисерот Жилиен Колона

Четврток, 18 јуни | 19:00 | Cineplexx, „Фотографка“ (2024, 113 мин.), Режија: Тјери де Перети
По проекцијата следи разговор со режисерот Тјери де Перети

Петок, 19 јуни | 19:00 | Cineplexx, ЗАТВОРАЊЕ,
„Мохиканец“
(2024, 87 мин.), Режија: Фредерик Фаручи
По проекцијата следи разговор со режисерот Фредерик Фаручи и актерот Алекси Мананти

Сабота, 20 јуни | 20:30 | Кинотека,  Вонредна проекција на отворено
„Грабнување“ (2023, 97 мин.), Режија: Ирис Калтенбек

Целосната програма и повеќе информации за филмовите се достапни на www.ifs.mk

Сподели: