Фестивал на грчки филм во Кинотеката

Сподели

Со филмот „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос, на кој ќе му претходи проекција на краткиот филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, во Кинотеката во Скопје ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм што ќе се одржи во Скопје и во Битола. Отворањето на Фестивалот на грчки филм е на 7 април (недела) во Скопје, а на 8 април (понеделник) во Битола. Во рамките на програмата ќе бидат прикажани шест филмови – три долгометражни и три кратки филмови.