Oмаж за композиторот Тома Прошев во КИЦ Загреб

Сподели:

Во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа значаен културен настан – кус омаж за дводомниот македонско-хрватски композитор Тома Прошев во пресрет на јубилејната 30-годишнина од неговата прерана смрт и концерт „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“ (Stringendo). 

Настанот го проследија истакнати претставници на македонските и на хрватските институции и организации во Загреб, голем број загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, како и претставници на државната и на локалната самоуправа во Република Хрватска.

Многубројната публика и семејството на Тома Прошев со пригодни зборови ги поздравија македонскиот амбасадор во Република Хрватска Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, парохискиот свештеник на МПЦ во Хрватска, протојереј ставрофор Кирко Велински, и претседателката на Советот на македонското национално малцинство за град Загреб, Иринка Ангелова Попржан.

Сподели: