Деветгодишниот Никола е првиот донор на матични клетки со што ја спаси својата сестра Ана Марија

Сподели

 

“Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра”.

 

 

“На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката.

 

 

На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје, изјави министерот за здравство”, Венко Филипче.