Филипче на средба со сестрите од Инфективно кои поднеле отказ

Сподели

 

На социјалните мрежи беше објавено дека 3 медицински сестри, меѓу кои и главната сестра од Инфективната клиника побарале отказно решение.

Главната медицинска сестра во Барањето навела дека причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим.

По објавата утрово министерот за здравство Венко Филипче остварил средба со медицинските сестри и разговарале за состојбата и причината за нивниот отказ и договориле повторна средба за да се реши како да продолжат заедно во битката со Ковид 19 на Инфективната Клиника.

“Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници”.