ФИЛИПЧЕ: Рестриктивните мерки ќе се олабавуваат во три фази

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека има 10 новозаболени од коронавирус, 5 оздравени и еден починат на 60 годишна возраст од Делчево.

“Вкупната бројка на заболени во државава до сега се 1.674, оздравени се 1.205 лица и активни 337 лица.

Од утре почнува скринингот на одредени ризични категории, ќе се започне со вработените во детските градинки кои бројат околу 2.000 вработени.

Бројот на оздравени се зголемува, се намалува бројот на смртни слачаи, расте бројот на оздравени здравствени работници, од вкупно 242 оздравени се 217 лица. Расте бројот на општини каде нема новозаразени лица.

Ние и вчера и денеска имавме состанок со Комисијата за заразни болести и врз основата на анализата на состојбата се донесе Предлог-план во однос на олабавување на рестриктивните мерки кој ќе се одвива во неколку фази. Намалувањето на мерките е според неколку анализирани критериуми според СЗО” – изјави министерот за здравство Филипче.

Предлогот за олабавување на рестриктивните мерки ќе ги опфати затворените трговски центри, т.е. Моловите, тениските и спортските игралишта, центрите за едукација и обука, органи за конференции, авто школи, спортски обложувалници без угостителска дејност.

Следната недела ќе се отвораат угостителски објекти, хотелски објекти и базени.

Тоа значи дека животот ќе почне да се одвива во нормала со задолжителна дистанца, носење на маска и дезинфекција на објектите.