Филипче: Во Македонија нема мутација на ковид како во Британија

Сподели

 

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека кај нас, во Македонија, нема мутација на коронавирусот како што има во Велика Британија.

 

„Излегоа анализите на лабораторијата во МАНУ, каде што беше утврдено дека нема мутација на вирусот сличен на тој во Велика Британија. Вирусот кај нас е тој кој беше присутен во последните неколку месеци. Но и непостоењето на мутација не е причина да ги олабавиме мерките“, вели Филипче.

Министерот Филипче истакна дека мора бидеме внимателни и покрај тоа што има пад на бројките на новозаразени.

„Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. И натаму сме со резерва”- изјави министерот Филипче.