Филмска програма во КИНОТЕКА за април

Сподели

 

Временската машина стаса до април. Првиот ден од овој месец е ден на шегата. Дали месецот ќе продолжи така и така ќе заврши, не се знае. Но затоа се знае дека Kинотека реши нејзиниот филмски воз да ги содржи кино приказните од различни жанрови, од различни земји, од различни континенти, со различен датум на создавање.
 
Повторно продолжуваат филмовите од серијалот ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ и веќе востановените денови на одредена кинематографија.
 
 
За човечката психа говори филмот што оди потоа – ЛОЛИТА. Но не култниот црно-бел филм на Кјубрик, туку римејкот во боја од деведесеттите години, снимен од режисерот Адријан Лин. ЛОЛИТА е мисловно истражување на темните аспекти на човековата природа. Лин не бега од непријатните вистини прикажани во романот на Владимир Набоков, предизвикувајќи ја публиката да се бори со сопствените перцепции за љубовта, моралот и моќта. Улогите на Џереми Ајронс како Хамберт Хамберт и Доминик Свејн како Лолита им носат сложеност и длабочина на ликовите.
 
Со возбудувања од психолошка природа, се продолжува со ПАРАЗИТ, еден од најзборуваните и најнаградувани филмови последниве 10 години. Во 2019 година филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда, а воедно е и добитник на Оскарот за најдобар филм, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што го освоил Оскар за најдобар филм и го зацементира Бонг Џунг Хо како еден од најдобрите современи режисери.
 
На ова одлично се надоврзуваат филмовите што следуваат. Култни филмови од крајот на деведесеттите и почетокот на двеилјадитите. Во овој тематски блок ќе бидат прикажани МЕМЕНТО, ТРЧАЈ ЛОЛА ТРЧАЈ, 21 ГРАМ, се наведува во Програмата на Кинотека.