Филмски фестивал “Џифони во Гевгелија“

Сподели

 

Филмски фестивал за млади ЏИФОНИ – Гевгелија, 31 и 1. јуни

„Џифони патува во Гевгелија. Фестивалот е наменет за младите филмски фанови во земјата и ја промовира идејата на познатиот „Џифони Експирианс“ од Италија.

Во текот на двата филмски денови во Гевгелија, младите вљубеници во филмот ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и ќе креираат преку посебните работилници. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони Експириенс“, а во соработка со општина Гевгелија и Италијанската амбасада во нашата земја.

Младинскиот филмски фестивал “Џифони Македонија” е филијала на најважниот културен настан за млади луѓе во светот @ Giffoni Experience Film Festival. Младинскиот филмски фестивал “Џифони Македонија” започна во 2013 година како иницијатива на Клаудио Губитоси, уметнички директор и креатор на филмскиот фестивал Џифони со билатерален договор со Агенцијата за филм на Македонија. Недостатокот на млада публика во кината и театрите во Македонија беше од суштинско значење да се направи фестивал за млади, но денес фестивалот станува многу поважен за младите луѓе отколку што се очекуваше на почетокот.

Фестивалот ќе се одржи во Домот на културата во Гевгелија.