ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВЕНЕЦИЈА: НАГРАДАТА “ЗЛАТЕН ЛАВ” ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЖАН ПОЛ БЕЛМОНДО

Сподели

zan-pol-belmondo

На 73-от меѓународен филмски фестивал во Венеција, наградата  за животно дело “Златен лав”, му беше врачена на прочуениот француски актер Жан Пол Белмондо, од страна на француската актерка Софи Марсо, која беше дел од жирито.

Белмондо изјави дека подеднакво се забавувал и кога снимал авторски филмови, и кога работел на популарните остварувања: „Тоа е како во животот. Некогаш се смееме, а некогаш плачеме“. Коментирајќи ги неоставрените желби во кинематографијата, Жан Пол Белмондо рекол дека во животот на филмот направил се што сакал. Никогаш не размислувал за минатото, туку секогаш гледал напред, но дека е почестен и среќен што го добива Златниот лав за животно дело.

Белмондо во Франција е познат под прекарот Бебел и се прослави со улоги во таканаречениот „нов бран“ филмови во шеесеттите години на минатиот век, а потоа во 1970-те стана ѕвезда на акциони филмови. Играл во остварувањата на Жан лик Годар, Луј Мал, Жан Пјер Мелевил и Франсоа Трифо.