Вести Свет Топ теми Ударни вести

Финска сака во НАТО без одлагање -За Русија тоа е закана

Сподели:

 

Руската инвазија врз Украина во Финска предизвика откажување од неутралноста и ја зацврсти желбата за приклучување кон НАТО, пренесува Дојче веле.

Финска мора без одлагање да аплицира во НАТО“, изјавија денеска финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин во заедничко соопштение во Хелсинки. Се очекува намерата да биде конкретизирана и со формално поднесување барање во текот на идните денови. Мислење на повеќе дипломати од Брисел е дека Алијансата на Финска брзо ќе ѝ даде согласност за членство, што би го отворило патот за засилено присуство на трупи во Скандинавија за време на едногодишниот процес на ратификација. Се смета на скоро барање за пристапување кон НАТО и на досега неутралната членка на ЕУ –  Шведска.

Русија ја предупреди Финска да не го презема овој чекор, во кој таа гледа закана по себе.

„Секое повторно проширување на НАТО, нашиот континент го прави помалку стабилен и сигурен“, изјавил во првата реакција портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска во Москва, како што пренесува руската новинска агенција Интерфакс. Русија ќе ги анализира последиците на прием на Финска во НАТО од аспект на сопствената безбедност, истакнал Песков, потсетувајќи дека веќе постои указ на претседателот Владимир Путин за зајакнување на западното крило на Русија со оглед на активностите на НАТО. „НАТО се движи во наш правец“, предупредил портпаролот: „Сега сѐ ќе зависи од натамошниот развој на процесот на проширување на Алијансата и каква воена инфраструктура ќе се најде на границите на Русија“, изјавил Песков.

Сподели: