Физички напад врз полициски службеник, семејно насилство

Сподели

На 28.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.О.(22) од Штип, А.К.(30), М.А.(45) и Ж.Т.(48), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 28.06.2025 во 21.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радњанска“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(25) од с.Волково, скопско, удрило во пешакот Д.С.(86) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.06.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул. “Васко Карангелески“ во Прилеп, 41-годишната А.С.М. управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.М., а со телесни повреди се здобил нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 28.06.2025 околу 12.20 часот во Полициска станица Ресен е пријавено дека на регионалниот пат Макази-Маркова Нога, на место викано „Горици“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(31) од с.Бистрица, битолско и мотоцикл со шведски национални ознаки, управуван од Н.М.(19) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот В.Л.(20) од Битола, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

На 28.06.2025 oколу 13.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, Ф.К.(29) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, претходно паркирано од страна на Б.Б.(21) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.В.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.06.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени и одземени  кокаин и марихуана.

На 28.06.2025 во 15.20 часот во Штип полициски служебници од СВР Штип го лишија од слобода Б.Д.(33) од Штип, по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека во неколку наврати физички ја нападнал и и се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2025 во 21.00 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 20.50 часот во угостителски објект во Штип, П.Н.(41) бил физички нападнат од М.Т.(40), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (29.06.2025) во 01.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.В.(20) од Штип, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2025 во 20.40 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода К.Г.(23) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17.30 часот пред угостителски објект во Делчево, со употреба на стаклен предмет го нападнал З.Ѓ.(48) од Делчево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.06.2025 во 21.30 часот на место викано „Друм“, во атар на с.Драгобраште, виничко, полициски службеници од ПС Виница во координација со ОВР Делчево ги лишија од слобода А.М.(26) од Делчево и А.Б.(24) од с.Вирче, делчевско, затоа што по извршен преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал А.Б., а во кое како сопатник бил А.М., под возачкото седиште е пронајдена и одземена марихуана. По насоки на јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Виница и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.06.2025) во 03.00 часот во СВР Скопје, Г.И.(43) од Скопје пријави дека на  28.06.2025 околу 22.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (29.06.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, Ч.Х.(46) од Скопје пријави дека на 28.06.2025 околу 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 15-годишен син се здобил со повреда од остар предмет, нанесена од 13-годишен малолетник со кого се во роднински врски. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар, Г.В.(48) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со виљушкар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Увид е извршен од полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.

На 28.06.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, Ќ.Б.(79) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила му го одзело паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  28.06.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, Ј.А.(32) од с.Горно Свиларе, скопско, пријави дека околу 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од Х.Ј. и А.Ј., двајцата од с.Нерези, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2025 во 18.50 часот во СВР Скопје, Б.З.(39) од Скопје пријави дека околу 18.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од 23-годишната Д.Н. од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2025 околу 23.30 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(77) од Прилеп пријави дека пред продажен објект во Прилеп, едно лице со употреба на физичка сила му ја одзело чантата, во која имало пари, лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (29.06.2025) во 01.00 часот во СВР Битола, С.Б.(44) од Битола пријави дека на 28.06.2025 околу 23.00 часот во Градскиот парк во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2025 во 12.27 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 12.15 часот во с.Кокошиње, кумановско, настанал пожар на сува трева, а потоа од пожарот целосно опожарена била куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т.(36), како и сандаци за пчели, сопственост на А.М.(28) и ниви со насади, сопственост на Л.С.(59). Од страна на Територијално противпожарната единица Куманово пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Денеска (29.06.2025) во 01.45 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги привеле Н.Д.(21) и М.С.(23) по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка со П.А.(22) и М.Ј.(22), сите од Крива Паланка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Потоа е утврдено дека М.Ф. е осуденик од Казнено поправната установа Идризово, кој бил пуштен на викенд отсуство. При преглед кај него се пронајдени и одземени 551 таблети,  мобилни телефони и други предмети кои се предмет на кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, а М.Ф. е спроведен до КПУ.

фото МВР