Концертна промоција на ФИН проект и Тања Царовска

Сподели

Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска заедно со Фестивалот Скопско Лето 2025 Ве канат на премиерниот промотивен концерт на нивниот нов музички албум насловен “Егрегор”.

На концертот кој ќе се одржи на 3 јули, на една од нај инспиративните концертни локации во Македонија, Куршумли Ан (Стара Скопска Чаршија) со почеток во 20:30 часот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска -виола, Александар Ицковски – виолончело.

Билети на влезот по цена од 400 мкд.