ФРАНЦИЈА: Одржан натпревар за искачување на Ајфеловата кула

Сподели

Спортистот Пиотр Лобоџински од Полска е победник во машка конкуренција во натпреварот за искачување на Ајфеловата кула која е симбол на главниот град на Франција, Париз, додека во женската конкуренција победи Сузи Валшам од Австрија, јавува Anadolu Agency (AA).

Вкупно 128 спортисти од целиот свет, меѓу кои и професионалци, учествуваа во меѓународниот натпревар за искачување на кулата, којшто оваа година се организираше по трет пат во главниот град на Франција, Париз.

Спортистите во овој натпревар кој беше одржан во четврток навечер, ги искачија 1.665-те скали на кулата.

Спортистот Пиотр Лобоџински од Полска го победи натпреварот во машка конкуренција, додека во женската конкуренција Сузи Валшам од Австрија.

Се претпоставува дека Ајфеловата кула која е изградена во 1889 година од челик и метали, досега ја посетиле околу 300 милиони луѓе. Инаку, минатата година околу 7 милиони туристи ја посетиле оваа кула висока 312 метри.

Anadolu Agency