Вести Македонија Став

ФСП: „Никола доколку постои единица мерка во SI системот за лицемерие сигурно тоа си ти лицемеру еден”

Сподели:

Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува лицемерието на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кое зазема засилен интензитет во последните неколку дена, особено после катастрофалниот пораз на партијата на локалните избори.

„Никола доколку постои единица мерка во SI системот за лицемерие сигурно тоа си ти лицемеру еден. Во твојот вчерашен говор, викаш, цитираме: „А оние луѓе кои ги малтретирате по притвори и затвори, ќе ја имаат нашата помош и поддршка, и ќе дојде време кога ќе се осветли и тој дел”, заборавајќи лицемеру дека уште истиот ден во 4 часот наутро брзаше од аеродром во партиското седиште за истите тие луѓе да ги прогласиш за насилници и да се оградиш од нив. Никола, ако си заборавил ние сме тука да те потсетиме дека истите тие луѓе ги влечеше со месеци по протести и ги инструираше да прават нереди и на насилство. Доцна е сега Никола, вмровците не ти веруваат повеќе, премногу долго ги лажеше и ја злоупотребуваше нивната љубов кон четирите свети букви“.

„Ти истиот ти кој со своите политики го подели народот, го растури вмровското ткиво и ја уништи идеологијата во партијата. Никола, касно е да се повикуваш на идеологија, сега може да се дружиш само со Сојуз на титови леви сили, ако сакаат да се дружат со тебе. Ти наместо да ја јакнеш идеологијата одбра да коалицираш со такви отпоци на штета на вмровците, таквите ти беа помили во споредба со нашите браќа и сестри. Никола, ти ќе бидеш запаметен како лидер кој нанел најголема штета на вмровската идеологија, поголема дури и од онаа на Иван Ванчо Михајлов. Историјата ќе те памети како предавник на вмровците и вмровската, а со тоа и на македонската кауза! Никола, доста од твоето лицемерие, вмровците ја очекуваат твојата оставка и оставките на членовите на криминалното и идеолошки бледо раководство кое го предводиш“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Сподели: