Го одби најголемиот договор во историјата – Меси донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата!
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на Го одби најголемиот договор во историјата – Меси донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата!
Сподели:
Најдобриот светски фудбалер и победник на Светското првенство во Катар како капитен на аргентинската репрезентација, Лионел Меси (35) донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
фото: PROFIMEDIA
Имено, Лео има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона.
Неодамна се појави информација дека Ал Хилал, шампионот на Саудиска Арабија е подготвен да им понуди од 400.000.000 до 450.000.000 евра годишно.
Напаѓачот на тој начин би станал најплатениот фудбалер во историјата, но според информациите на „Мундо Депортиво“ тој нема да направи потег како Кристијано Роналдо.
,,Постојано се шпекулира дека ќе замине во Интер Мајами, Саудиска Арабија или пак ќе се врати во Аргентина и ќе игра за Њуелс Олд Бојс. Сепак, ништо од тоа нема да се случи. Меси останува во Европа – тврди „Мундо Депортиво“.
За Лионел, „светците“ како актуелен клуб имаат предност, а се уште се зборува за можно враќање во Барселона, но ќе биде тешко.
,,Економската ситуација во клубот се уште стои на патот на неговото враќање. Интересно е и тоа што година и пол немаше никаков контакт меѓу Меси и претседателот на Барселона Жоан Лапорта – велат Каталонците.
фото: EFE
Овој медиум пренесува дека доколку преговорите на Меси со парижаните не одат според планираното, опцијата е да оди во Премиер лигата или дури во Серија А.
Промоцијата на Емил Рајковиќ во нов шеф на стручниот штаб и официјална потврда на настапот во престижниот Еврокуп се клучните поенти од денешната прес-конференција на МЗТ Скопје Аеродром, на која уште присуствуваа и тренерот Александар Јончевски, извршниот директор на клубот, Видоја Секуловски како и членот на националниот тим на Македонија, Љубомир Младеновски. Рајковиќ е […]
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен изјави дека сака да се врати на теренот и дека целта му е да игра на Светското првенство 2022 во Катар. фото:Profimedia 29-годишниот фудбалер нема играно откако доживеа срцев удар на теренот на 12 јуни за време на натпреварот против Финска на Европското првенство. Не можејќи да игра во Италија поради […]
Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими (22) е обвинет дека силувал 24-годишна девојка во неговиот дом во близина на Париз. Сега дојде до нов удар за десниот бек бидејќи го напушта неговата убавица и сопруга Хиба Абук, односно поднесе барање за развод поради обвинението. Таа е 12 години постара од дефанзивецот, наводно нивниот […]