Спорт

(ВИДЕО) Овој грк се обрука за сите пари – Обрадовиќ гледаше и не му се веруваше!

Сподели:

Loading

Кошаркарите на Партизан со пораз ја завршија мини-турнејата низ Италија, бидејќи загубија од Армани Милано во тешкото гостување со 76:62, во 28. коло од кошаркарската Евролига.

фото: Printscreen

Црно-белите дадоа се од себе, но не можеа да остварат нова победа во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.

На натпреварот беше забележан еден многу интересен момент, а во главна улога беше кошаркарот на Партизан, Јоанис Папапетру.

Се играше претпоследната минута од третиот период, кога на линијата за слободни фрлања застана Папаетру.

Сепак, грчкиот кошаркар при изведувањето на првото фрлање прописно се обрука пред цела сала, бидејќи топката не стигна ниту до обрачот.

По скандалозното промашување, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ не можеше да поверува тоа што го виде, а како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото:

The post (ВИДЕО) Овој грк се обрука за сите пари – Обрадовиќ гледаше и не му се веруваше! first appeared on .

Powered by WPeMatico

Сподели: