Џудо од дете – Едах Салоски

Сподели:

Во современото време, децата се движат сè помалку. Преовладува пасивен начин на живот, со телевизија, игри, разни социјални мрежи на интернет итн. Според најновите истражувања, сè повеќе деца имаат проблеми со прекумерна тежина, намалена физичка подготвеност и деформитети на ‘рбетот и стапалата.

Понекогаш училиштето не може доволно да ги задоволи потребите на децата за физичка активност, па спортувањето е единствениот начин да се обезбеди нивниот оптимален развој.

Џудото е древна јапонска боречка вештина, една од ретките боречки вештини што е во програмата на Олимписките игри од 1964 година. Поради своите карактеристики, се практикува низ целиот свет, а во многу земји е вклучено во образовниот систем.

Вежбањето џудо влијае на сите способности, на целосниот развој на детето. Им овозможува на децата рамномерно да ги развијат сите своите физички и ментални способности (издржливост, сила, координација, флексибилност, брзина), да стекнат самодоверба и да стекнат нови пријатели.

Едах Салоски е роден 2018 година во Струга, а веќе две години тренира џудо. Трипати неделно оди на тренинг во Џудо Клубот Дрим од Струга.
Составен дел од тренингот за џудо се едноставните и сложените гимнастички и акробатски елементи. Нема удари во тренингот за џудо (учи паѓања, држења, фрлања итн.)
Младиот Салоски има учествувано на повеќе меѓународни натпревари на кои во Р.Србија и Р.Грција освои златни медали, додека во Р.Бугарија и во Р.Црна Гора ги освои сребрените медали.

Во џудото, постои постепена прогресија преку поставување на појаси, каде што детето доживува визуелен и опиплив напредок во своето знаење, што придонесува за стекнување сè подобра слика за себе. Минатата година Едах се здоби со бело-жолт појас, а веќе оваа година гордо го носи жолтиот појас. Тој со радост чека да дојде и до црниот појас, а во меѓувреме навива за светски познатата џудистка од Јапонија – Ута Абе. Најмногу сака да ги практикува техниките со превртување на противникот познати како Uki Goshi и Ippon seoi nage.

На овој млад и успешен џудист кој е второ одделение омилен предмет во училиште му е математика. Кога не вози велосипед или тротинет, сака да ја игра видео играта Roblox, а бидејќи е хиперактивен често сака да игра и кошарка со своите браќа Берин и Бених. Овие близнаци се олицетворение на имињата кои ги носат, а кои значат искрен и добар.

За делата на Едах Салоски ќе слушаме многу во иднина, можеби кога ќе порасне ќе биде полицаец (бидејќи обожува за маскенбал да го носи тој костум), можеби ќе биде успешен адвокат (како што се неговите родители), но едно е сигурно, со вежбањето џудо постигнува психолошки придобивки (џудото како јапонска уметност се темели на морални и етички принципи): стекнува самоконтрола, самопочитување, почит кон пријателите и противниците, социјализација итн.

автор Марија Костовски, Златен Заб

Сподели: