Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

Сподели

 

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ. Тие ќе изведат дела од: Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов.

Ќе учествуваат мешаниот хор при ФМУ „Драган Шуплевски“, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, студенти од одделите за народни инструменти и за популарни жанрови, од класите на професорите: Драган Даутовски, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев, Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Андријана Јаневска, Гордан Спасовски и Зоран Костадиновски.